Славни

Погледнете како се повреди Том Круз при снимање на каскадерска сцена

Славниот актер Том Круз е еден од оние актери кои често сакаат сцените да ги снимаат сами, без помош на каскадери. Но, при снимањето на ’Невозможна мисија 6’ токму поради тоа, при изведбата на една акробација, доживеа повреда.

55-годишниот актер се обиде да изведе еден скок, на покривите од згради во Лондон, снимајќи сцена која ќе се најде во Невозможна мисија 6. Но, веројатно годините си го прават своето, па скокот не беше целосно успешен по што Том Круз се повреди.

Том Круз е познат по тоа што сам ги снима своите акробации, пишува Hollywood Reporter. Инаку, шестото продолжение на ’Невозможна мисија’ е во режија на Кристофер МекКвари, а освен Круз во него играат Хенри Кавил, Ребека Фергусон, Анџела Басет и Алек Болдвин, и се очекува дека во кината ќе биде до јули 2018г.

Advertisements
To Top