Странски турист го опишува пеколот кој го доживеал од македонските цариници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот филмаџија и фотограф Рик Реј, кој изработува документарци и патописи, преку социјалните мрежи објави видео со наслов „Моето македонско апсење“ во кое со фотографии и снимки го документирал негативното искуство кое го доживеал кога од Грција се обидувал да влезе во Македонија на граничниот премин „Меџитлија“.

Тој објаснува дека одредени цариници му го заплениле дронот, кој го носел секаде со себе, пет часа го задржале и испрашувале во просторија на граничниот премин и пасошот го добил дури следниот ден откако по кратко судење платил казна од 500 евра.

Реј го изработил видеото со намера да предупреди други луѓе да не паднат во истата замка во која се нашол самиот.

„Овде има убави споменици посветени на правдата и еднаквоста и имам чудно чувство дека, само нешто подалеку од овде, јас и уште стотина други луѓе сме искористени за толку пари колку што можеле да земат од нас. Се чувствувам како да сум силуван. Знам дека постои корупција насекаде, но кога си директна жртва добиваш слика колку безличен и безимен си во бирократскиот систем кој те искористува само за сопствена корист“, вели Реј на крајот на видео сведоштвото кое го пренесуваме во целост.