Home Актуелно Странски скијач загина на Попова Шапка

Странски скијач загина на Попова Шапка

Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.

Според првичните полициски информации германскиот државјанин завчера пристигнал на Попова Шапка за вчера со други скијачи со ратрак да се упатат на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање.

Според кажувањата на поединци од групата тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот. Веднаш било известено полициското оддление на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР што пристигнал на местото и го пренел Германецот во клиниката Систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…