Home Актуелно Стојко Пауновски разрешен од директорското место на Државниот пазарен инспекторат

Стојко Пауновски разрешен од директорското место на Државниот пазарен инспекторат

На денешната владина седница директорот на Државниот пазаран инспекторат Стојко Пауновски беше разрешен од директорската функција поради негово „непрофесионално однесување“, соопшти Владата на Фејсбук.

„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за државен пазарен инспекторат“, стои во владиното соопштение.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.

Овие 32 вработени се дел од вкупно 1.349 за кои Владата уште во јануари годинава донесе одлука за нивно распоредување според рамковниот договор. Тие повеќе од една деценија не одеа на работа, а редовно добиваа плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…