Стигна приновата: Бијонсе роди близнаци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатата американска пејачка Бијонсе роди близнаци, јавија светски медиуми.

Засега не се познати имињата на децата, а според US Weekly близначињата се машко и девојче.

Списанието People објави дека пејачката и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи се пресреќни и веќе почнале да им ја кажуваат веста на своите роднини и најблиски пријатели. Тие веќе ја имаат пет годишната ќерка Блу Ајви.

Во февруари Бијонсе објави фотографија на Инстаграм” на која се гледаше дека е бремена. Тогаш таа соопшти дека очекува близнаци.