Стигна казната од ФИФА за ФФМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија доби казна од ФИФА за користење на пиротехника на навивачите на полуфиналниот бараж против Италија на „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Казната од ФИФА за ФФМ изнесува 2.000 евра. Македонија, ќе потсетиме, стигна до епска победа против Италија со голот на Александар Трајковски во последните моменти од мечот. На трибините во Палермо присуствуваа околу 1.500 македонски навивачи.

Во финалето од баражот за жал не успеавме да направиме уште една сензација и бевме поразени од Португалија со 0:2.