И Хрватска ги укина анти-ковид мерките за влез во земјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако поголемиот дел од земјите во регионот ги укинаа ковид-мерките за влез на нивните територии, и Хрватска го направи истиот потег и ги укина ограничувањата за влез во земјата, изјавија од хрватското Министерство за внатрешни работи.

„Не е продолжена важноста на одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година. Според тоа, влезот во Хрватска е дозволен во однос на условите за влез кои важеле пред епидемијата на ковид, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн. без исполнување на епидемиолошките услови“, соопшти хрватското МВР.

Претходно и Србија донесе одлука за укинување на сите ковид-ограничувања за влез во земјата. Па така, од утре (3 мај) за влез во Србија нема да важи ниту една епидемиолошка мерка за влез на лица на територијата на земјата, како за домашни, така и за странски државјани без разлика од која земја доаѓаат, соопшти српската Влада.

Претходно, иста ваква одлука донесоа и Бугарија, Албанија и Грција.