Стево знае: Глејзер му кажал на Пендаровски кои ќе бидат новите засилувања на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот Стево Пендаровски објави дека се сретнал со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер во Давос на Светскиот економски форум.

Пендаровски откри дека со Глејзер зборувале за Кристиано Роналдо, но и за новите засилувања на Манчестер Јунајтед.

„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите во светот. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.