Сте слушнале секакви работи, но вреди да се обрне внимание на овие совети за подобар секс

Сте слушнале секакви работи, но вреди да се обрне внимание на овие совети за подобар секс

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од самата мисла за планиран секс, многумина ќе купат само секси облека, бидејќи веруваат дека спонтаниот секс е најдобар. Но, според овие совети, можеби ќе го промените своето мислење.

Ако сакате неверојатен оргазам “Жената ќе доживее најдобар оргазам еден ден пред почетокот на месечниот циклус”, тврди Лори Вотсон, сексуален терапевт и советник за парови.

Ако сакате сексот да трае подолго

Најдоброто време за тоа е меѓу Нова Година и Божиќ, или пак Божиќ и Нова Година, кога паровите веројатно немаат работен притисок поради празниците. “Кога парот не е под притисок поради работа и има повеќе време за заеднички моменти, полесно е да се предадете на опуштениот секс без брзање кој ќе трае и трае”, тврди Теренс Вотс, психотерапевт за психосексуални проблеми.

Ако сакате да го изненадите вашиот партнер “Како што веќе забележавте, мажите се будат со ерекција. Затоа, место да ја чекате вечерта за секс, поставете аларм десет минути порано и посветете го времето на вашиот партнер”, советува сексологот Ејми Левин.

Ако сте префрлени со работа

Нека тоа биде викенд, кога немате работни обврски и кога не сте толку исцрпени. Заедно земете одмор од напорната недела, уживајте и посветете се еден на друг. Ако сте родители, обидете се да ги договорите бабите и дедовците да ги чуваат децата.

Ако сакате да ја прекинете рутината “Колку подолго сте со партнерот, толку е по тешко да бидете креативни во креветот. Мисионарската поза секоја сабота многу брзо може да ви стане монотона. За прекин на монотонијата во спалната соба, Ејми Левин предлага неочекуван секс по среде на ноќта. “Поставете аларм во три часот наутро и го изненадите партнерот. Сигурно нема да му смета што го разбудивте”, истакнува таа.