Home Шоубизнис Стандарди или фетиши: И новата љубов на Борис Бекер е „копија“ на неговите бивши сопруги

Стандарди или фетиши: И новата љубов на Борис Бекер е „копија“ на неговите бивши сопруги

Славниот поранешен тенисерски ас, 51-годишниот Борис Бекер, е во нова љубовна врска со 31-годишната Лајла Пауел. Она што е симптоматично и интригантно е дека и оваа негова нова љубов е визуелна коија на неговите бивши сопруги и партнерки.

Уште во март оваа година се раширија муабетите дека Борис Бекер е во нова љубовна врска. Поранешниот германски тенисер тогаш прв пат беше виден во еден ресторан во друштво на чоколадната убавица Лејла Пауел, но пред четири месеци тој не сакаше да зборува за природата на нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Layla Powell (@laylaypowell) on

Дополнително, дежурните душегрижници на социјалните мрежи го „фатија“ пензионираниот спортист како редовно става лајкови на провокативните фотографии на Лејла на Инстаграм и многумина заклучија дека е само прашање на време пред официјално да ја потврди врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Layla Powell (@laylaypowell) on

И токму тоа се случи на овогодинешниот Вимблдон. Како што постапката за развод со поранешната сопруга, 43-годишната Лили Бекер, наскоро треба да биде финализирана, поранешен тенисер очигледно виде дека тоа е совршена можност да ја покаже пред светот својата нова девојка.

Лејла Пауел на Инстаграм се претставува како модел, адвокат и аматерски готвач. Но , сите се согласуваат дека Бекер дефинитивно има свој тип на жена.

Новата девојка многу наликува и на неговата прва сопруга Барабара Бекер. Британски Гардијан коментира дека е слична и на Ангела Ермакова со која има ќерка Ема во Лондон. Борис беше оженет и со Шарлили Лили Керсенберг, која исто така многу личи на неговата нова девојка .

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …