Home Актуелно Средба на претседателот на Уставен, Сали Мурати и Самуел Жбогар – новинарите избркани од судот

Средба на претседателот на Уставен, Сали Мурати и Самуел Жбогар – новинарите избркани од судот

Во моментов, во зградата од Уставниот суд тече средбата помеѓу претседателот на Уставен, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, но службите од судот на дрзок начин не дозволија никакво присуство на медиумите во зградата бркајќи ги новинарските екипи надвор од објектот, пренесува Телма.

И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, велат дека изјавите можат да земаат само надвор од објектот.

Инаку, нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот, иако Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…