Home Актуелно Средба на Никола Димитров и Вес Мичел: Американецот очекува позитивен исхиод на референдумот

Средба на Никола Димитров и Вес Мичел: Американецот очекува позитивен исхиод на референдумот

Денес, во Скопје, средба со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазсиски прашања, Вес Мичел, оствари министерот за надворешни работи Никола Димитров,

На средбата беше разговарано за Евро-атлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

Министерот Димитров ја потенцираше важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Република Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство: „Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија, што ќе биде од значење и за целиот регион“.

Помошник државниот секретар Вес Мичел, повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој ги поздрави напорите на Република Македонија на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција. Во тој контекст, тој ги повтори очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…