Home Актуелно Среда со облачно и постудено време – еве ги деталите

Среда со облачно и постудено време – еве ги деталите

Денеска, 10. ноември, времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен во текот на утрешниот ден. Температурите ќе бидат пониски, утринските на места ќе се спуштаат под нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…