15 години затвор за кавадарчанец за полов напад на малолетни деца – гнасниот чин го сликал и со мобилен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маж на возраст од 42 години од Кавадарци доби 15 години затвор за кривичното дело полов напад врз дете. Пресудата ја донесе Основниот суд Кавадарци, а предметот го водеше судијата Лазар Нанев.

Настанот за кој е осуден се случи во 2020 година кога, според Обвинителството тој во повеќе наврати извршил полови дејствија врз деца на возраст од 7 и 5 и пол години. Жртвите врз кој вршел полови дејствија ги снимал со неговиот мобилен телефон. Обвинетиот не признал вина за кривичното дело за кое му се судеше.

„Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон”, соопштија од Обвинителството во март, годинава.

За изречената пресуда денес соопшти Основниот суд Кавадарци.

„Поради интересот на јавноста, Основниот суд Кавадарци известува дека петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Лазар Нанев, како претседател на кривичниот совет спрема обвинетиот В.Т. за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години по член 188 став 1 вв член 45 донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор од 15 години”, соопштија од судот.

Обвинетиот по откривање на овој настан беше во притвор.