Србин решил да предаде без санкции нелегално оружје кое го поседува – однел митрлалез кој стрела 3.000 куршуми во минута


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ на синоќешната прес-конференција рече дека е донесена одлука за продолжување на рокот за предавање на нелегалното оружје. Според новите измени, рокот за предавање на нелегалното оружје се продолжува од 8 до 30 јуни 2023 година. Оваа одлука важи од денеска.

„Никој не може да ги врати децата на нивните родители, но можеме да се обидеме да дејствуваме превентивно во иднина, Господ знае колку животи спасивме со ова. Но, кога ќе погледнете три милиони куршуми, никогаш не успеавме во вакво нешто претходно“, изјави синоќа Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи и дека мерката предавање оружје без санкции е донесена со цел Србија да стане побезбедно место за живеење и додаде дека завчера беше предаден митралез тип „Гатлинг“ во град во Србија.

„Тоа е тој ротирачки митралез кој пука 3.000 куршуми во минута. Човекот го ставил на приколката и ни го донесе митралезот и му благодарам што го направи тоа. Но, јас сум шокиран”, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања на новинарите и додавајќи дека е среќен поради мерката со која граѓаните без санкција го предаваат оружјето и да бидат олеснети и да поминат без затворски казни.