Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, петок, 9. јуни, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.

Дневната температура во Скопје ќе достигне до 30 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци и Дојран 30.

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 степени.