Србија денес со епски пречек ќе го дочека рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес пристигнува во официјална посета на Србија. Српските медиуми пренесуваат дека во Белград, пред црквата Свети Сава, на Путин му спремаат пречек од епски размери на кој ќе излезат околу 70.000 луѓе.

За почеток, тука е православната црква во изградба, во селото Банстол кај Инџија, односно Сремски Карловци, која Путин би можел да ја посети. Зошто Србите сакаат Путин да ја посети оваа црква е јасно ако се знае дека во народот таа колоквијално е наречена „Путиновиот храм“.

Црквата во Банстол го доби интересното колоквијално име Путинов храм бидејќи е изградена во стилот на руските православни цркви. Оваа православна црква, како што пишува српски Курир, а посветена на српските жртви од деведесеттите, пред сѐ на жртвите на хрватската акција Олуја. Жителите на Банстол испратиле покана и молба до претседателот на Србија Александар Вучиќ заедно со Путин да го посети ова село.

Путин доаѓа пет години по последната посета на Србија, а и оваа посета ќе биде проследена со вонредни мерки за безбедност: рускиот претседател и неговата делегација ќе ги чуваат дури пет илјади полицајци, а небото наводно ќе го надлетуваат и „миговите“ на српското воено воздухопловство.

Српските медиуми јавуваат дека дел од Путиновото постаојано лично обезбедување од 250 специјалци веќе пристигнале во Белград, а вооружени се со пиштоли кои пробиваат панцири.

За дочекот на Путин се очекува пристигнување на околу 1.000 автобуси од многу делови на Србија, а намерата е, според либералниот Данас, колоната на членови и поддржувачи на СНС, која од Нови Београд и Земун ќе тргне преку Бранковиот мост кон центарот на Белград „да се снима со дронови, за подоцна да се употребува во маркетиншки цели“.

Извор: Мкд.мк