Home Спорт СРАМЕН СКАНДАЛ: МТВ 2 го бојкотира Стоилов, а не сака ни да се извини! (видео)

СРАМЕН СКАНДАЛ: МТВ 2 го бојкотира Стоилов, а не сака ни да се извини! (видео)

Новинар од албанскиот сервис на Македонската радио и телевизија се дрзна во преносот на МТВ 2 да го бојкотира нашиот најдобар играч на мечот со Јапонија, Стојанче Стоилов.

Станува збор за уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи го мечот за Стоилов го користеше терминот „играчот со број пет“.

Наводно причината за ваквиот потег на Адеми е заминувањето на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, кога одлучи предвреме да си отиде од настанот поради двојазичност.

Иако целата јавност бара извинување за ваквиот скандал и санкција за спортската редакција на МТВ 2, од таму не сакаат ни да се извинат и го поддржуваат гестот на својот новинар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…