Споредбата на новороденото кралско бебе со шимпанзо го чинеше работно место во ВВС


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот радиоводител, новинар, сценарист и писател Дени Бејкер заради една споредба на новороденото кралско бебе Арчи, првото дете од аристократскиот пар Хари и Меган Маркл, со шимпанзо, беше избркан од работното место радиоводител во угледната радиостаница на ВВС каде работеше од 1989 година.

Кралското бебе ја напушта болницата, напишал на Твитер Дени Бејкер, славниот радиски водител како опис на црно-белата фотографија од маж и жена кои за рака водат шимпанзо облечено во момчешка облека.

Тој тврди дека во прашање е само шега, но таа реченица му донесе отказ од ВВС, медиумската куќа во која работел од 1989 година.

Откако неговата „шега“ предизвика згрозување на социјалните мрежи и обвиненија дека станува збор за чист расизам, Бакер ја отстранил фотографијата и се извинил.

„Се извинувам за фотографијата со мајмунчето во отмен костум која некои ги налути. Таа споредба никогаш не ми падна напамет, бидејќи мојот ум не е толку болен. Веднаш откако се појавија смислените критики, ја тргнав објавата. Тоа е тоа, напишал на Твитер Бејкер.