Home Шоубизнис Според нивните критериуми кралицата Елизабета е алкохоличарка

Според нивните критериуми кралицата Елизабета е алкохоличарка

Кралицата Елизабета Втора секој ден пие по четири алкохолни пијалаци, што според стандардите на британското здравство тоа ја прави алкохоличарка.

Таа секогаш пие иста доза и исти пијалаци. Нејзиното висичество пред ручек пие коктел од џин и дубоне со лимон и мраз, со ручекот чаша вино, а навечер чаша суво мартини и една чаша шампањ.

Но, кралицата никогаш не пие на празен стомак. Откако ќе се разбуди јаде кекс со чај, а доручкова овошје и житарки со млеко. Некогаш јади и кајганa со чаден лосос.

За ручек јаде воглавно зеленчук и месо, а потоа чоколада.

Кралицата Елизабета не сака лук и тој е забранет во целата палата.

Таа е многу страствена. За време на посетата во Австралија во 1954 година се расправала со нејзиниот сопруг принцот Филип, и фрлала чевли по него. Подоцна се извини за своето однесување, наведуваjќи оти тоа „се случува во сите бракови“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …