Според Forbes тој е најплатениот актер на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според годинешната листа најплатени актери во светот на списанието Forbes, првото место му припадна на Марк Волберг (46), кој изминативе 12 месеци заработил 68 милиони долари.

Ѕвездата на хит комедијата „Ден на патриотите“ и „Трансформери“, некогашниот рапер кој стана глумец, се најде пред Двејн Џонсон, кој има заработка од 65 милиони, а на трето место е ѕвездата на „Брзи и Бесни 8“ и „ХХХ 3“, Вин Дизел, со 54,5 милиони долари.

 

Следуваат Адам Сендлер, Џеки Чен, а меѓу први десет се и Роберт Дауни Џуниор, Том Круз, како и боливудските ѕвезди Шах Рук Кан, Салман Кан и Акшеј Кумар, кои имаат заработка од малку над 35 милиони долари.

Заработката што ја оствариле актерките, пак, е многу поскромна. На прво место во оваа категорија е Ема Стоун, со заработка од 26 милиони долари.

Следува Џенифер Анистон со 25,5 милиони на второто место. Џенифер Лоренс, која лани го понесе приматот, годинава е на трето место, со 24 милиони долари заработка.