Според анкетата на Yahoo Finance Фејсбук е „најлоша компанија на светот“ за 2021 година


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Технолошкиот гигант Фејсбук, кој од неодамна беше преименуван во Мета е „најлошата компанија” во светот за 2021, велат резултатите од отворената анкета која на 1.500 испитаници (корисници) била спроведена од Yahoo Finance.

Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба.

Добивањето на придавката „најлоша” за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблемот со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот. Дел од корисниците ја критикуваа компанијата за „поткопување на глобалната демократија и придонес за растот промоција на крајнодесничарскиот екстремизам”. Многумина од целиот свет ја обвинуваат апликацијата за споделување фотографии на страниците на Инстаграм, кои според одредени истражувања, имаат штетно дејство врз менталното здравје на младите луѓе.

Сепак, речиси 30 отсто од испитаниците веруваат дека Фејсбук/Мета сè уште може да се спаси. Корисниците наведуваат дека најдобар начин за тоа е фирмата да ги признае грешките, јавно да се извини и да донира значителен дел од профитот на некоја фондација која се бори против онлајн насилство врз малолетници.