Home Актуелно Спонтано или не: Протестите пред Кривичниот суд продолжуваат и денес!

Спонтано или не: Протестите пред Кривичниот суд продолжуваат и денес!

Симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред Кривичниот суд во Скопје, каде протестираат поради новите обвиненија поднесени од страна на СЈО.

Вчера СЈО до Судот поднесе 17 обвиненија против 94 лица. Меѓу осомничените во предметите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и други министри од претходната владина гарнитура и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддржувачите на опозицијата и вчера беа пред Судот.
Еден од анкетираните граѓани за Макфакс рече дека тие се на улиците бидејќи СЈО за криминал гони луѓе кои не направиле ништо и се исправни.

Пратеникот Драган Данев рече дека треба да се изрази револот и не одговори кој е организатор на вчерашниот протест.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…