Спиење со чорапи или бос – еве што велат научните факти за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експертот за процесот на спиење Мар Де Карло вели дека има многу придобивки од носењето чорапи во кревет. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго поради процесот наречен дистална вазодилатација.

Едно истражување од 2007 година покажало дека промените на температурата на кожата може да влијаат врз заспивањето и одржувањето на спиењето. Исто така, докажано е дека носењето чорапи во кревет ја зголемува циркулацијата и дотокот на крв во стапалата, што дополнително помага да се намали просечната телесна температура, сигнализирајќи му на мозокот дека е време за спиење.

Спиењето со чорапи, исто така, има значително влијание и врз квалитетот на сексуалниот живот. Според некои од податоците добиени од истражувачите, спиењето со чорапи може да ги поттикне мажите, но и жените, полесно да доживеат оргазам.

Меѓутоа, истражувачите наведуваат дека пред сè е важно луѓето да утврдат зошто нивните стапала се често ладни бидејќи овој проблем, доколку е чест, може да укажува на некои посериозни здравствени проблеми.

– Студените стапала може да се последица на низа причини, како што се: анемија, дијабетес и хипотироидизам. Ако проблемот со спиењето е длабоко вкоренет, како што е проблемот со анксиозноста, тогаш спиењето со чорапи нема да даде некои резултати – тврди Марк Де Карло.