Спектакуларно враќање на Балотели во Премиер лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Марио Балотели оваа сезона игра одлично во дресот на Ница, која на големо изненадување е лидер во француското првенство.

Неодамна менаџерот на Балотели, Мино Раиола откри дека работи на негово враќање во Премиер лиагта и дека многу клубови се заинтересирани за Италијанецот.

Денешното издание на „Дејли Мејл“ тврди дека за Балотели силен интерес покажува Евертон и дека Роланд Куман сака да го донесе напаѓачот на „Гудосон“.

Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде уште еден во низата на контроверзни трансфери на Италијанецот, бидејќи е поранешен фудбалер на Ливерпул.

Медиумите тврдат дека после играњето за двата клуба од Милано, Балотели би можел да заигра за двата градски ривали од Ливерпул.