Home Спорт Спектакл во Скопје, Шкендија против Милан, Вардар против Фенербахче

Спектакл во Скопје, Шкендија против Милан, Вардар против Фенербахче

Веднаш после извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите во Нион, своите провитници ги добија македонските претставници во плеј-офот за Лигата на Европа, Вардар и Шкендија.

Екипата на Вардар за противник го доби, турскиот гигант Фенербахче и ќе има пеколно тешка задача за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Ниту Шкендија немаше воопшто лесен ждреб, во Скопје ќе гостува тимот кој потроши најмногу ова лето екипата на италијанскиот гигант Милан.

Плеј-офот од Лигата на Европа е втора шанса за влез во групната фаза за македонскиот шампион, Вардар откако не успеа да го елиминира Копенхаген и така да си обезбеди европска есен иако беше на чекор од такво нешто,  Шкендија своето место го доби после елиманцијата од литавскиот Тракаи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…