Мбапе побара трансфер – Барса и Реал на готовс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесе угледниот „Екип“, Килијан Мбапе дефинитивно одлучил да го напушти Монако ова лето и го известил раководството на клубот.

Наводно, 18-годишниот суперталент не може повеќе да чека клубот од „кнежевството“ да му понуди нов договор и затоа донел таква радиклана одлука. Притоа, весникот тврди дека Мбапе се налутил на тренерот Жардим што го заменил во 70-та минута на Суперкупот против ПСЖ.

Монако нема да се противи и ќе му дозволни да замине, но само доколку некој клуб понуди 180 милиони евра.

За Мбапе инетрес покажуваат сите богати европски клубови, но во пол-позиција е Реал Мадрид. Сепак, медиумите тврдат дека после продажбата на Нејмар, Барселона е исто така силен кандидат за неговиот потпис.

„Екип“ тврди дека следната дестинација на Мбапе ќе биде Шпанија, па останува да видиме кој ќе успее да ја добие битката, Реал Мадрид или Барселона.