Home Шоубизнис Спејси за аферата со сексуалните напади: „Сè што имав и постигнав исчезна за неколку часа“

Спејси за аферата со сексуалните напади: „Сè што имав и постигнав исчезна за неколку часа“

Бившата актерска холивудска ѕвезда, Кевин Спејси, во виртуелното гостување на подкастот Bits & Pretzels зборуваше за коренитите промени во неговиот професионален и приватен живот кои се случија за само неколку часа, откако беше обвинет за серија сексуални напади.

„Мислам дека никој нема да биде изненаден ако кажам дека мојот свет е целосно променет од есента 2017 година. Мојата работа, многу од моите врски, мојата позиција во филмската индустрија, сето тоа исчезна за само неколку часа“, рече актерот.

„Не сакам често да им кажувам на луѓето дека сочувствувам со нив, затоа што мислам дека сите доживуваат одредени ситуации поинаку. Се случи, но мислам дека емоционалните борби се исти “, рече Спејси.

Спејси беше обвинет за наводен сексуално напад врз 18-годишен вработен во ресторан во 2016 година на островот Нантакет. Во јули, овие обвиненија беа отфрлени затоа што оштетената страна одбила да сведочи. Сепак, ова имаше значително влијание врз неговите актерски ангажмани, а Нетфликс, која тогаш ја прикажуваше серијата „House of Cards“ во која глуми Спејси, ги прекина сите врски со актерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …