Home Актуелно Спасовски: Кривични пријави за 40 лица кои со фалсификат дипломи работеле во МВР

Спасовски: Кривични пријави за 40 лица кои со фалсификат дипломи работеле во МВР

Во синоќешното издание на „Click Plus“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри дека околу 40 лица вработени во МВР работеа со фалсификувани дипломи.

Тој потенцираше дека овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добиле отказни решенија и се здобиле со кривична пријава. Исто кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Прашан дали до сега некој од пратениците пријавил закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, вели дека ниту еден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија, рече Спасовски.

Додаде дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се бара амнестија за нејзиното обвинето поранешно раководство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…