Home Спорт Спалети го обвини лошиот терен за поразот

Спалети го обвини лошиот терен за поразот

Фудбалерите на Интер доживеаа шокантен пораз на гостувањето кај Сасуоло во првото коло од Серија А.

„Нероаѕурите“ значително се засилија во летниот преоден рок и најавија борба за Скудетото, но воопшто не задоволија со играта против Сасуоло.

Тренерот Лучијано Спалети после мечот како главен виновник за поразот го посочи лошиот терен.

„Поразите те учат многу работи. Во фудбалот, кога немате вистински ентузијазам, вашата работа е придружена со многу компликации. Имаше реакција од тимот и во првото полувреме, но дозволивме многу контранапади. Теренот беше доста тежок за игра и не можевме брзо да ја движиме топката“, изјави Спалети.

„Состојбата на теренот влијаеше на дуелот. Со квалитетите што ги поседуваме, моравме да се претставиме многу подобро. Тие постигнаа гол од пенал, а ние не требаше да го дозволиме тоа. Треба да признаеме дека противникот многу добро одигра“, додаде тренерот на „нероаѕурите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…