Реал конечно тргнува по напаѓач: Ова е листата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Останаа уште само девет дена до затворањето на преодниот рок во Шпанија, а Реал Мадрид се уште нема донесено големо засилување во нападот.

После заминувањето на Кристиано Роналдо голем број на ѕвезди се поврзуваа со трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, но „кралевите“ мораа да ги заборават Нејмар, Мбапе, Азар, Левандовски…

Сепак, „Марка“ тврди дека Реал Мадрид сигурно ќе донесе еден напаѓач до крајот на преодниот рок, а најголема желба е Тимо Вернер од Лајпциг. Иако гермнаскиот клуб вчера потврди дека нема намера да се откаже од својата ѕвезда, сепак Флорентино Перез спрема богата понуда.

Споменатиот весник кој е многу близок до „кралевите“ тврди дека алтернатива е напаѓачот на Валенсија Родриго, кој имаше одлична соработка со Лопетеги во репрезентацијата.

Валенсија веќе ги донесе Батчуаи и Гамеиро во нападот и е спремна да во пушти Родриго, но само доколку Реал ја плати откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.

Лопетеги инсистира да му биде донесен уште еден напаѓач, кој ќе може да биде замена за Бензема, но и да игра заедно со Французинот на одредени натпревари.