Home Вебкафе СОВРШЕНО СЕЛФИ!

СОВРШЕНО СЕЛФИ!

Чуварот на еден национален парк направи совршена селфи фотографија со две горили кои на човечки начин позираат позади него.

Две горили беа фотографирани како беспрекорно имитираат човечко позирање пред фотоапарат на исклучително совршено темпираното селфи кое го направи чуварот од Националниот парк Вирунга, а кој ги има спасено двете горили уште кога биле младенчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virunga National Park (@virunganationalpark) on

„Уште еден ден во канцеларија“, напиша Матиеу Шамаву во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи, каде веднаш стана инстант вирален хит со десетици илјади пресподелувања на Фејсбук.

Женките горили Ндакази и Ндезе изгледаат целосно природно пред камерата од мобилниот. Едната гордо стои, заземајќи моќна поза со широко поставените стапала, додека другата се поднаведнува за и неа да ја има на фотката.

„Тие две горили се големи глумици, така што ова беше совршена фотографија која ги прикажува нивните вистински карактери“, напишаа од Националниот парк Вирунга на Инстаграм.

Овој национален парк кој се протега долж североисточниот дел на Конго е дом на 22 вида примати, вклучително и три големи вида на мајмуни. Се проценува дека на оваа област живеат 1.000 планински горили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…