Соседна Србија воведе полициски час, во Вухан нема новозаболени – состојбата со коронавирусот во светски рамки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради нејзиното патување во САД, бившата хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ најави дека следните денови ќе биде во самоизолација поради патувањето во САД.

Во соседна Србија за прв пат воведен е полициски час од 20 до 05 часот, а затворен е и аеродромот „Никола Тесла“.

Велика Британија не може да ја запре пандемијата на коронавирус, па ќе работи на управување со заразата на тој начин што ќе ги јакне капацитетите во јавното здравство.

Во Кина денешниот ден е празник, бидејќи во последните 24 часа во Вухан нема ново заболен од овој вирус.

Во Албанија боројката се искачи над 64 лица, а во Косово 13 лица.

Во Швајцарија од вчера се регистрирани нови 824 случаи на зараза, со што вкупниот број се зголеми на 3.939 лица. Во последното деноноќие починале три лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 36.

Плажите на јужниот медитерански брег на Франција, како и на островот Корзика ќе бидат затворени. Тоа е нова мерка со цел сузбивање на ширењето на епидемијата. мерката е донесена откако било утврдено дека „многу луѓе, многу време“ минуваат на плажите.

Француските власти ќе го продолжат двонеделниот карантин ако нема подобрување на ситуацијата со коронавирусот, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Во Австрија денеска попладне бројот на инфицирани со Ковид-19 ја надмина бројката од 2000 лица. Министерството за здравство информира дека од 13.724 тестирани – 2013 лица се позитивни на вирусот.

Премиерот на Индија Нарендра Моди наложи в недела од 7 до 21 часот, како тест за нацијата дали ќе може да ги почитува мерките против ширењето на коронавирусот. Во земјата со 1,3 милијарди луѓе досега има четири смртни случаи и над 170 заразени.

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 230.047 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.386, а оздравеле 86.256 лица.