Home Актуелно Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: И по цена да не формираме влада, не ги прифаќаме барањата од ДУИ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: И по цена да не формираме влада, не ги прифаќаме барањата од ДУИ

Интегрално сооштението на ВМРО ДПМНЕ во врска со барањата на ДУИ за формирање на влада а кои се однесуваат на употреба на албанскиот јазик и продолжување на мандатот на СЈО ви го пренесуваме во интегрална форма.

Во врска со соопштението на партијата ДУИ, мултиетничката коалицијата За подобра Македонија составена од 25 партии и предводена од ВМРО ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО. Причините досега се образложени повеќе пати во јавноста, а се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на Уставниот поредок, нашите политички заложби изнесени во предизборниот период, Охридскиот Рамковен договор, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува.

Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО.

СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога било кој ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира.

СЈО е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава. СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Недозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…