Сончево време со температура до 38 степени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Вредноста на УВ индексот е многу висок и изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 36 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.