Сончева среда


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Седмиот ден од месец септември во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени. Маврово 23, Охрид 26, Битола 27, Крива Паланка 25, Берово 23, Кавадарци 30, Дојран 28.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.