Еве од каде сè земала пари водителката и несудена конзулка Бесмира Ејупи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На листата на државни институции од кои водителката и несудена конзулка Бесмира Ејупи добивала хонорари се додава уште една. Покрај тоа што истовремено добила 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“, пренесува Алсат ТВ.

Телевизијата објави и дека таа како член на Надзорниот одбор на ова ЈП со задоцнување го доставила анкетниот лист до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и за тоа платила и паришна казна, пошто доставила комплетен анкетен лист.

Името на Бесмира Ејупи одекна во јавноста кога беше објавено дека 28-годишната телевизиска презентерка ќе биде конзулка во Њујорк. Деновиве, пак, таа е актуелна во јавноста по тоа што ВМРО-ДПМНЕ објави дека сега е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР). Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги упати новинарите да се обратат до МНР, а од таму три дена ниту ги демантираат ниту потврдуваат ваквите информации.

Во меѓувреме во јавноста испливаа информации дека Ејупи земала хонорари од Државното правобранителство и од четири општини: Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец. За ова ДКСК поднесе иницијатива до Јавното обвинителство да се поведат постапки до одговорните лица во овие општини.