Home Актуелно Сончева и топла среда

Сончева и топла среда

Оваа среда времето во Македонија ќе биде сончево, а ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Температурите денес утрово ќе се движат од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.

Следува период на стабилно, претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. До четврток утринските температури на места ќе бидат под нулата. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…