Home Актуелно Сончева и студена среда

Сончева и студена среда

И денешниот јануарски ден времето во Македонија ќе биде ведро и многу студено наутро, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринските темепратури, според УХМР, ќе се движат од минус 13 до минус четири степени Целзиусови, а дневните од минус еден до осум степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од минус девет и максимална од четири степени. Маврово 0, Охрид 3, Битола -1, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 5, Дојран 9.

Утре на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…