Сончева и малку потопла среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, среда, 23. март, времето во Македонија ќе биде сончево и уште малку потопло со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 7 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени. Маврово 7, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 16, Дојран 19.

Ќе преовладува сончево и се потопло време со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/ч). На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста.