Сончев петок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени. Во Кавадарци дневната температура ќе достигне до 19 степени.

Маврово 14, Охрид и Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 18.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен. Дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени.