Сончев мајски вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот мајски вторник во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до пет степени, а дневната температура ќе достигне до 23 степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 21, Крива Паланка 20, Берово 18, Кавадарци и Дојран 25.

Следува период на стабилно време, освен во среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Во среда и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.