Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Овој вторник времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движи во распон од минус 6 до нула, а дневните од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 16 степени. Во Маврово 9, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 16, Дојран 17.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе дува умерен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…