Home Актуелно Сончев и топол празничен понеделник

Сончев и топол празничен понеделник

Денешниот мајски ден времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време. До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер. Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…