Home Актуелно Сончев и топол посткарантински понеделник

Сончев и топол посткарантински понеделник

Овој априлски понеделник во Македнија носи сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен, во западните западен, а во источните делови југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до осум, а максималната од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови кога на места ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.

Во среда ќе биде претежно суво, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на дневната температура. Од четврток следува период на сончево и топло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…