Министерската Ангеловска го оправдува потегот за можно покачување на акцизата на нафтените деривати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали ќе има покачување на акцизата на нафтените дериват Министерството за финансии ќе донесе одлука откако ќе направи опсежна анализа.

Министерката Нина Ангеловска тврди дека кое решение и да го предложат до Владата, немало да удри по џебот на граѓаните. За неа среќна околност е падот на малопродажната цена на нафтата за 20 денари, па затоа таа гледа оправданост во предлогот за раст на акцизата.

„Треба да бидеме реални и да согледаме сите страни дека компаниите на почетокот на годината кога ги правеле финансиските планови не предвиделе олкав пад на цената на нафтата. Ако зборуваме за зголемување на цената секако ќе излеземе со бројките и со точното решение кое е најправедно, а ќе ги земеме сите фактори предвид и што ќе значи ако малопродажната цена се зголеми за да може да падне цената на акцизата. Се работи за една антикризна мерка на којашто работиме заедно со Царинската управа.“

Ангеловска на вчерашната прес-конференција информираше и околу деталите за владината мерка за исплата на 14.500 денари по вработен во приватните фирми. Според неа, таа може да им помогне на сите компании – и на оние кои работат со најмалку 30% пад на приходите, а и на оние кои се целосно затворени, како на пример угостителските дејности. Новитет од претходно е што сопствениците и управителите на малите фирми ќе може да ја користат мерката.

„Во врска со искористените средства, работодавачот кој ја користи мерката ако не остварил добивка за 2020 година не ги враќа средствата земени и искористени преку оваа мерка. За останатите работодавачи враќањето е лимитирано во износ до 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.“

Мерката не важи за компаниите кои исплаќаат бонуси и дивиденди и за оние фирми каде повеќе од 10% од вработените земаат нето плати над 120.000 денари. Условот за користење е да го задржат истиот број на вработени до месец јули, односно два месеца по користење на мерката. Ангеловска посочи дека државата е во преговори со Светска банка за финансирање на половина од предвидениот износ за реализација на оваа мерката.