Home Актуелно Убиство во близина на Клиничк синоќа: Син го убил својот татко со нож

Убиство во близина на Клиничк синоќа: Син го убил својот татко со нож

Синоќа, во близина на Клиничкиот центар во Скопје, син го убил својот татко со нож.

Полициски извори велат дека меѓусебната расправија кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си. 55-годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар но веројатно поради обилното крварење не успеал да стигне до докторите.

Неофицијално и таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а според истите, неофицијални информации тие подолг период имале меѓусебни расправии кои често ескалирале со насилство.

Извори од МВР велат дека убиецот е веќе приведен и се преземаат мерки за утврдување на мотивите.
Од МВР се уште нема официјална потврда за овој случај, но очевидци велат дека делот околу Клиничкиот центар е под засилено полициски обезбедување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…