Home Актуелно Сончев и топол петок

Сончев и топол петок

Последниот петок во месец август во Македонија носи претежно сончево време со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Маврово 27, Охрид и Берово 30, Битола и Крива Паланка 31, Кавадарци 33, Дојран 35.

Продолжува периодот на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Под влијание на многу топла воздушна маса, утре и в понеделник ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…