Сончев и топол јулски вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 33, Маврово 25, Охрид 29, Битола 30, Кавадарци 34, Крива Паланка и Берово 28, Дојран 36 Целзиусови степени.

Утре следува мало заладување – променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен северен ветер – Скопје 32, Маврово 23, Охрид и Битола 29, Кавадарци 33, Берово и Крива Паланка 28, Дојран 34 степени.