Home Актуелно Сончев и топол четврток, утре уште пожешко

Сончев и топол четврток, утре уште пожешко

Денешниот четврток носи сончево и топло време, со слаб до умерен ветар кој ќе дува од југ, посебно изразен во југоисточните делови од Македонија. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот 9.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 37 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 31, Битола 35, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци и Дојран 38 степени.

И утре ќе имаме сончево и многу топло време, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 38, Маврово 31, Охрид 33, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци и Дојран 40.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само утре ќе има извесно зголемување на облачноста. Од денеска во некои реони ќе биде активирано и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…